Одлука за тоа дали и на кое ниво ќе се замрзнат цените на јајцата, оризот и на шеќерот се очекува да донесе Владата на денешната седница. Анализите за овие производи се готови но надлежните засега не откриваат дали и колкав простор постои за корекција на овие цени.
Според неофицијалните информации најверојатно претходно нема да има поевтинување како што тоа се направи со тестенините, млекото и млечните производи, туку ќе се замрзне цената по која јајцата во моментов се продаваат.
Производителите на јајцата изјавувата дека за нив е прифатливо да се ограничи сегашната сума и пред Велигден да не може да има поскапувања, а секој кој смета дека може нека ја намали и дополнително. Незвесно е и тоа даи ќе се прават корекции и кај цените на шеќерот и оризот.
Можеби ќе ве интересира: Жените во Македонија живеат подолго од мажите
Граѓаните, пак, сметаат дека мерките се задоцнети и дека намалување треба да има и кај другите продукти.
Од пред неколку дена тестенините се продаваат за 15 проценти поевтино, а млекото и млечните производи за 10 отсто. Претходно на 33 денари се ограничи и цената на белиот и полубелиот леб. Ваквите одлуки за замрзнување на цените дојдоа откако дел од прехрамбените фирми три месеци користеа евтина субвенционирана струја и иако требаше не ги намалија цените, тоа не го направија. Дали ќе поминат само со укинување на оваа помош или за нив ќе има и други санкции дополнително ќе се утврдува колку не тоа законски.
Извор: skopskoeho.mk