Медицински сестри, лаборанти и фармацевтски техничари повеќе нема вонредно да го завршуваат образованието.
Ресорното министерство испратило допис до сите средни училишта во кои има здравствена струка запишувањето на вонредни ученици времено да се стави во мирување. Од Унијата на здруженија на медицински сестри велат дека ова го барале многу одамна и инсистираат да се преточи во законска рамка за да се реши проблемот со хиперпродукција. Инсистираат да се воведат сериозни образовни програми зошто од курсистичко дошколување пропаѓале целокупни здравствени системи.
-Нашата интенција ќе биде да се преточи во закон и да немаме ваква хипер продукција. Доколку мораме според Уставнои загарантораното право да се стави фокус на образовните програми, но во секој случај најдобро ќе буиде да ја немаме ваквата хиперпродукција, изјави м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Здружението “За нас” и на Унијата на здруженија на медицински сестри.
Според информациите дел од младите иако завршиле друго средно образование вонредно се запишувале медицинско за да заминат во странство, други пак на овој начин ја користеле партиската и етничката припадност за полесно вработување, а во меѓувреме медицински сестри кои со години работеле со договор на дело си одат од установите зошто не добиваат решенија и среќата си ја бараат во друга професија
Од Унијата велат дека од 2000 сестри кои фигурираат во Агенцијата за вработување над 1700 се со договор на дело во болниците и клиниките без регулиран статус.