Осигурителната компанија спроведе анкета меѓу вработените во германските компании и откри дека менталните болести се причина број еден за боледување во таа земја.
Дури 70 отсто од анкетираните вработени во германски компании изјавиле дека менталното оптоварување, стресот и симптомите на исцрпеност стануваат се почести, пренесува германската новинска агенција. Во исто време, речиси 40 проценти од директорите и менаџерите изјавиле дека психолошкиот стрес на работното место е веќе доста чест во нивните компании.
Истражувањето е нарачано од осигурителната компанија ТК, презентирано од Институтот за здравствено советување на работното место, пишува Феникс. Се испостави дека менталната болест е една од главните причини за отсуство од работа, изјави Карен Валкенхорст, менаџер за човечки ресурси во компанијата.
Според податоците на осигурителната компанија, просечниот број на денови на боледување предизвикани од ментални нарушувања кај осигурениците продолжил да расте минатата година. Поради вакви дијагнози, вработените во просек отсуствувале 3,33 дена наспроти 3,17 дена пред една година.
Извор: faktor.mk