Европската централна банка ги претстави новите верзии на банкнотите од 100 и 200 евра кои ќе бидат пуштени во промет во мај 2019 година, па се поставува прашањето што ќе биде со старите.
Оние кои својата заштеда ја чуваат во банка не мора да се грижат банката сама ќе ги замени, а оние кои парите ги чуваат дома истот така немаат потреба од грижа, бидејќи старите банкноти нема да пропаднат, ниту да изгубат вредност.
Да потсетиме, европската централна банка ги претстави новите верзии на банкнотите, со ново подобрување на безбедносните карактеристики кои отежнуваат нивно фалсификување. Тие вклучуваат различи холограми на сребрената трака и „смарагден број“ кој покажува деноминација, овој пат со појак облик на малиот симбол „евро“ во внатрешноста на броевите.
Исто така дизајнерит ја намалиле висината на банкнотата, која сега според изгледот е изедначена со онаа од 50 евра.