Од ЈП Водовод и канализација-Скопје информираат дека утре, во вторник (04.04.2023), поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа ф-200 мм на Димо Хаџи Димов број 29, корисниците на дел од улица Димо Хаџи Димов и дел од улица Божидар Аџија ќе бидат без водоснабдување.
Прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 8:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.