![Ќе има ли покачување на додатокот за трето дете?](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/ce/6b1b99ec-resize-820x0x100.jpg)
Во една од групите на социјалните мрежи, каде членуваат мајки на три и повеќедеца, а каде се споделуваат разни информации поврзани токму со исплатата на овој додаток од државата, деновиве се појави иницијатива за покачување на износот на додатокот.
„Здраво мајки со 3 дете, со новиот закон од 06.05.2020, дали сте спремни да се обратиме кај Народен Правобранител за промена на законот, затоа што минималната расте, а законот си стои на 15.194 денари“ прашува една од членките на групата.
Мнозинството корисници на додатокот, не само што се сложија за оваа иницијатива туку и бараат продолжување на исплатата до навршување на 18 години на детето.