![Машиновозачите денеска ја очекуваат февруарската плата за да го запрат штрајкот](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/0c/d67052c0-resize-820x0x100.jpg)
Вработените во железници Инфраструктура денеска ја очекаат исплатата на втората половина од февруарската плата.
Веќе десетина дена трае штрајкот на машиновозачите и машинскиот персонал, кои ја бараат втората половина од февруарската плата, известуваат од Телевизија Телма.
Би можело да ве интересира: Бесплатен ноќен превоз во Белград, најави градоначалникот
Нема никаков проток на стоки од и до Скопје, поради што компаниите дневно губат по 100 илјади евра. Апелраат за што побрзо решавање на проблемот и потсетуваат дека според колективниот договор мора да има минимален проток на патници и производи. Проблемот е сериозен се прелева и во соседството каде компаниите бројат милионски загуби.