Речиси и да не постои работа која не е стресна, а во долгорочна студија научниците открија која работа е најстресна.
Експерт за берза, возач на автобус, воспитувачка во градинка, пилот, доктор, сето ова се работни места кои би можеле да ги замислиме дека се на врвот на листата на најстресни работни места во светот. Сепак, најстресната работа на светот е работата на келнер, барем така тврди студијата на јужниот медицински универзитет во Кина, пренесуваат светските медиуми.
Можеби на прв впечаток тоа е малку изненадувачки, бидејќи тоа е професија со помала одговорност од, на пример, пилот. Но, ако размислите за тоа, резултатот од студијата изгледа веродостоен. Келнерите се постојано под ментален и физички притисок во текот на работното време, а факторот на стрес е исклучително висок.
За возврат, тие добиваат малку благодарност и, како тоа да не е доволно, работата е многу нефлексибилна. Конечно, за разлика од лекарите на пример, келнерите не се наградуваат со добра плата и признание. Научниците исто така откриле дека стресот предизвикува многу поголема стапка на употреба на цигари и алкохол кај келнерите.
Долгорочната студија беше спроведена 17 години со вкупно 136.000 учесници.
Извор: biznisinfo.mk