Сите заостанати сметки за комунални услуги, струја, кабловска телевизија и телефони застаруваат по одреден временски период. Но, тоа не значи дека долгот не може да се наплати по тој рок, а потрошувачот може да избегне присилна наплата само доколку навреме поднесе приговор.
За разлика од нередовните плаќачи, во непријатна ситуација можат да дојдат и граѓаните кои навреме ги подмириле сите обврски.
Што и да сте платиле, важно е сметката да ја чувате, бидејќи ако немате доказ за плаќањето, ќе мора повторно да си платите.Ова често го посочуваат адвокатите кои се занимаваат со правата на потрошувачите.
Објаснуваат дека најдобра заштита е да се чува фактурата или уплатницата, иако секоја компанија има платежна евиденција во својот систем.
Имено, овој запис може да „пропадне“, да не функционира или да биде фалсификуван, па адвокатите сметаат дека „подобро е да се спречи отколку да се лекува“, односно во овој случај да се чува доказ за уплата.
Исто така, некои здруженија на потрошувачи ги советуваат корисниците да чуваат сметки, односно докази за плаќање, најмалку десет години.
Адвокатите често укажуваат дека тоа не е начин да се избегне плаќањето на сметката и дека застарувањето ретко се случува во пракса, бидејќи извршителите ги тужат должниците пред истекот на рокот од една година.
И ако сметките се плаќаат онлајн?
Се повеќе граѓани претпочитаат да ги плаќаат сметките преку интернет, без да одат во Пошта и да чекаат на шалтер.
Претставниците на организациите за заштита на потрошувачите советуваат доказите за онлајн плаќањето да се испечатат, а потоа да се чуваат, бидејќи тоа ќе е единствен доказ за извршеното плаќање.
Што после една година?
Доколку добиете предупредување поради неплатена сметка која, напротив, била платена во период помал од една година од датумот на доспевање на сметката, потрошувачите можат да здивнат ако платиле и задржале сè,правилно. Меѓутоа, може да настане проблем доколку не ги чувате сметките или ако предупредувањето дошло по неколку години. Доколку тоа се случи, а потрошувачот добие предупредување пред наплата или решение од извршителот, треба да поднесе жалба во рок од најмногу осум дена.
Извор: faktor.mk