Според податоците на Државниот завод за статистика, вработените во секторот Компјутерско програмирање имаат највисоки плати во Македонија, односно тие во февруари земале плати над 90.000 денари.
Во сектор „компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности“ просечна нето плата исплатена во февруари изнесувала 91.730 денари, додека вработените во секторот „останати стручни, научни и технички дејности“ примиле плата од 66.969 денари.
По нив следат вработените во секторот „Воздухопловен транспорт“ каде просечната месечна нето плата во февруари достигнувала 63.734 денари, додека на четвртата позиција се вработените во „Телекомуникации“, кои во текот на февруари имале просечна нето плата од 54.676 денари.