![Охрид полн за првомајските празници](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/1f/f1c4f1f1-resize-820x0x100.jpg)
Првомајскиот продолжен викенд ќе го наполни Охрид.Туристичките работници велат дека хотелите и приватното сместување ќе биде исполнето до последното место.Најбројни ќе бидат групите од нашето соседство а гоелм е интересот и за оние од подалечните земји.
Без оглед на енергетската и економската криза сепак според хотелиерите Охрид и натаму е најефтина дестинација на Балканот.
Продолжените викенди овој период донесоа голем број на гости туристичките работници се надеваат на плодна сезона .Покрај традиционалните од Холандија, Полска, Англија, Шведска и балканските тури од Блискиот исток, ова лето на брегот на Охридското Езеро се очекуваат гости од Англија, Италија и САД.