Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја доби наградата за најпосакуван работодавач во категоријата приватни болници, која ја додели Vrabotuvanje.com.mk
Наградата за најпосакуван работодавач за Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е уште една потврда дека станува збор за здравствена установа што е препознаена меѓу пациентите, но и кај вработените. Болницата нуди врвни здравствени услуги според највисоки стандарди. Во „Аџибадем Систина“ работат над 1100 вработени. Станува збор за стручен медицински и немедицински персонал, кој во болницата добива можност да работи во одлични услови и да се доусовршува.
Во име на болницата наградата ја примија Елиф Акан – заменик главен извршен директор на „Аџибадем Систина“ и Марија Капетановска – директор за човечки ресурси.
Изборот за наградата е направен врз база на интересот на потенцијалните вработени за отворените работни позиции на овие компании, како и анкетите спроведени на сајтот на Вработување.ком за испитување на јавното мислење.
Оваа награда „Аџибадем Систина“ ја добива во година во која слави 13 години постоење. Толку време зад овој бренд стојат големи достигнувања и успеси, пионерски интервенции, успешни стории, врвен медицински тим и најсовремена опрема во земјава и регионот. Довербата ја поттикнуваат над 150 000 хируршки интервенции, 1 400 000 прегледи, повеќе од милион задоволни пациенти од земјава и регионот.
Во болницата работи тим од над 200 лекари специјалисти и повеќе од 400 медицински сестри, а нивната експертиза надополнета со најсовремена медицинска опрема го дава најдобриот третман за секој пациент.