Платите во Германија се сè уште високи во споредба со оние во повеќето други земји од Европската унија. Во индустријата лани, саатницата, вклучувајќи ги и секундарните трошоци за плата, во просек изнесувала 44 евра.
Тоа е за 44 отсто повеќе од просекот на 27-те земји на Европската унија, кој изнесува 31 евро. Со овој час, Германија е на четврто место.
Во услужниот сектор платите во Германија биле 26 отсто над просекот на ЕУ, со 38 евра на час работа, што е шесто место.
Сè на сè, германските трошоци за работна сила од околу 40 евра на час беа во 2022 година околу 30 отсто над просекот на ЕУ и, како и претходните години, на седмото место.
Според статистичките податоци, платите биле највисоки во Луксембург со околу 50 евра на час, а потоа следат Данска, Белгија, Франција, Холандија и Шведска.
Лани работната сила била најевтина во Бугарија - 8 евра на час.
Во споредба со 2021 година, трошоците за работна сила во Германија се зголемени за 5,6 отсто, нешто повеќе од просекот на ЕУ (плус 5,2 отсто).
За 10 години цената на трудот значително се зголеми, особено во источна Европа. Процентуално, трошоците за работна сила најмногу се зголемија во Бугарија, Романија, Литванија и Латвија, каде што се зголемија повеќе од двојно.
Најмали зголемувања се забележани во Шведска и Италија. Грција е единствената земја од ЕУ која пријавила пониски трошоци за работна сила во 2022 година во десетгодишна споредба (-7,6 отсто).
Извор: faktor.mk