Наградата од vrabotuvanje.com за нас е и поттик да продолжиме со унапредување на условите и грижата за вработените
„КАМ“ е едно големо семејство и секој член во него е важен, и тие што се долги години со нас, и оние што допрва ќе ни се придружат – велат од „КАМ“.
„КАМ“ е прогласен за најпосакуван работодавач во категоријата маркети на првите награди за најдобри работодавачи во организација на веб-страницата за пребарување работни места vrabotuvanje.com.
Наградите беа доделени врз основа на три критериуми – број на посети на огласите и објавите на „Вработување“, покажаниот интерес од страна на апликантите и јавно истражување спроведено од организаторот.
– Сите признанија ни се драги, но особено сме благодарни за оваа награда, бидејќи се однесува на сегмент што нам како компанија ни е особено битен, а тоа се вработените и нивното задоволство. Воедно, ова е и поттик да продолжиме со унапредување на условите и грижата за вработените. „КАМ“ е едно големо семејство и секој член во него е важен, и тие што се долги години со нас, и оние што допрва ќе ни се придружат – велат од „КАМ“.