Жито Маркети меѓу најдобрите - Ние добро знаеме дека задоволните и среќни вработени ќе овозможат услуга на високо ниво и задоволни клиенти
Минатата година и официјално Vrabotuvanje.com започна со проверка на пулсот на вработените, преку алатката Pulser.mk - Првата алатка за истражување на задоволството на вработени во Македонија.
Една од компаниите кои доброволно се пријавија за ова анонимно истражување, е Жито Маркети. Врз основа на оценката за задоволство која ја дадоа нивните вработени, Жито Маркети се најде во топ 3-те компании кои остварија најдобар резултат.
Компаниите кои постигнаа најдобри резултати во Истражувањето на задоволство на вработени беа прогласени за Најдобри работодавачи, во рамки на свеченото доделување на наградите, организирано од Vrabotuvanje.com.
Она што и дава посебна тежина на оваа награда е тоа што ја доделуваме врз основа на оценките на вработените за нивната компанија, а тоа е всушност највредното нешто за employer branding на компаниите - потврдата од нивните вработени дека се најдобри.
Во годината кога нашиот домашен македонски бренд слави три и пол децениски јубилеј постоење, наградата за освоено 3-то место „НАЈДОБAР РАБОТОДАВАЧ“ во Македонија за 2022 година од страна на PULSER ИЗБОР е уште еден доказ дека нашите вработени нѝ се на прво место. Тајната на успехот на нашата компанија е грижата еден за друг, која се создава цели 35 години. Ние добро знаеме дека задоволните и среќни вработени ќе овозможат услуга на високо ниво и задоволни клиенти - велат од Жито Маркети.