Александра Ќулумова, Раководител на Одделот за комерција во Жито Маркети
Под мотото „Барај домашно, купувај најевтино!“, националниот малопродажен синџир Жито Маркети, трајно ги спушти цените на групи на производи и на продукти коишто се најбарани и најкупувани од потрошувачите, со што генерираше обратен пазарен тренд и предизвика одлични реакции од потрошувачите. Над петстотини производи за секојдневна употреба од потрошувачката кошничка им се ставени на располагање на купувачите, со намалени и со замрзнати цени.
За текот на оваа активност на компанијата, како и за останатите детали за „Барај домашно, купувај најевтино!“, разговаравме со Александра Ќулумова, Раководител на Одделот за комерција во Жито Маркети.
Од каде воопшто потекна идејата за реализација на една ваква активност?
Сите ја делиме реалноста во којашто живееме. Ние во Жито сме сосема свесни за глобалните кризи во последниве три-четири години, каде што прво се соочивме со коронавирус кризата, па кризата со енергенси и транспорт, со ценовната криза и производство на храна, со војната во Украина и слично. Долго размислувавме во која насока да ги придвижиме нашите следни потези.
Дополнително на ова, годинава славиме голем јубилеј – 35 години успешно работење како домашна компанија, 35 години заедно со нашите потрошувачи и исто толку години стремеж да бидеме поблиску до нив. Затоа сакавме да вратиме дополнителна вредност кон заедницата, како влог во взаемната лојалност сите овие години.
Заради тоа што овие турбулентни периоди најмногу го погодија обичниот човек, нашиот ценет потрошувач и неговата просечна месечна потрошувачка кошничка, ние се решивме да дадеме свој придонес токму во овој правец. Идејата ја реализириваме и во практика - овозможивме на нашите лојални купувачи на едно место да добијат најповолни цени на над петстотини производи кои редовно се бараат и се купуваат, со голем избор и со квалитет.
Кои групи на производи и кои конкретни артикли вклучува оваа кампања од постојан карактер?
Опфатени се сите групи на производи кои се неопходни за секојдневното функционирање на едно семејство во тековен месец. Особено нагласувам дека се опфатени брендови со докажан кавлитет на македонскиот пазар кои со години во континуитет ги пласираме до крајниот потрошувач, производи коишто потрошувачите ги сакаат и ги препознаваат како врвни брендови. Генерално, станува збор за основните производи како најбитен дел од потрошувачката кошничка.
Инаку, изборот на производите беше правен врз основа на наши внатрешни истражувања, по вкрстени критериуми, за да може да се пронајдат сите наши лојални потрошувачи - од млади брачни парови, пензионери, повеќечлени семејства, до студенти и слично.
Попустите кои се имплементирани на избраните производи се со висок процент на трајно намалена цена, најевтини на пазарот.
“Барај домашно, купувај најевтино!” стартуваше во втората половина на април. Има ли временска рамка до кога ќе трае или имате друг план?
Ние како одговорна компанија секогаш се стремиме да излеземе во пресрет на нашите купувачи. Така ќе биде и со оваа наша активност. Ќе трае додека нашите потрошувачи препознаваат дека им нудиме најдобра цена за препознатливи брендови со докажан квалитет. Ние сега се водиме од нашето мото дека трајно ќе обезбедуваме најевтини понуди за нашите купувачи на тие селектирани групи и одрани производи. Секојдневно ги следиме трендовите на пазарот, ценовните флуктуации, па така и ќе реагираме, секојдневно и брзо, да ја исполниме нашата определба - перманентно да бидеме најевтини на пазарот за најбараните и за најкупуваните производи од нашите потрошувачи.
Одговорните од Жито Маркети, во чиј синџир има близу близу 70 маркети ширум земјава, велат дека избраните производи со намалена цена нема да се покачуваат, а во зависност од општото движење на цените на суровините, енергенсите и на другите ресурси, тие може да останат на исто намалено ниво или да бидат пониски. Оттаму ги повикуваат и останатите економски оператори во сегементот на малопродажбата на стоки за широка потрошувачка да се приклучат кон креирањето на ценовни политики кои ќе одат во полза на потрошувачите, особено во чувствителен кризен период.
Следи ја компанијата и биди во тек со сите нови огласи од Жито Маркети