Врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година, усвоен од Владата на Република Македонија, за мерката 2.1 Субвенционирање на плати, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, на ден 16.03.2018 година се објавува
ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ
до невработените лица
- Се повикуваат невработени лица евидентирани во АВРМ кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот:
- долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)
- млади лица до 29 години
- лица постари од 50 години
- лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност
- лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование
- лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
- жртви на семејно насилство
- инвалидни лица
- жени припадници на помалите етнички заедници
- лица припадници на ромската етничка заедница
- самохрани родители
- родители на деца со пречки во развојот
- родители на 3 и повеќе деца
- родители на деца на улица
- осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа
- бездомни лица
- поранешни корисници на дрога
- лица со незавршено средни или пониско образование
да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на РМ, каде редовно се евидентираат како невработени лица, секој работен ден од 9.00 до 14.00 часот.
- Секој кандидат кој ќе биде избран за вработување од страна на работодавачите по претходно извршено интервју, ќе биде финансиски поддржан од Агенцијата за вработување на Република Македонија во износ од 19.000,00 денари месечно за период од 3, 6 или 12 месеци за вработување од кои 18.000,00 денари како субвенција на платата на вработеното лице и 1.000,00 денари за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес. Работодавачот може на работникот да му исплати и повисока плата.
- Работодавачот кој вработува невработено лице е должен да го задржи лицето во работен однос по завршување на периодот на субвенционирање во период од:
- 6 дополнителни месеци ако користи 3 месеци субвенционирање (вкупен период на вработување 9 месеци);
- 12 дополнителни месеци ако користи 6 месеци субвенционирање (вкупен период на вработување 18 месеци);
- 18 дополнителни месециако вкупниот период на субвенционирање изнесува 12 месеци (вкупен период на вработување 30 месеци).
- Условите, правата и обврските поконкретно ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на РМ, работодавачите и кандидатите.
- Заинтересираните невработени лица можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на РМ, контакт телефонот 02-3111-850 и веб страната www.avrm.gov.mk
Агенција за вработување на Република Македонија