Регулаторната комисија за енергетика со последната одлука ги зголемвуа малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54 отсто во однос на одлуката од 15.5.2023 година.
- Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,182 отсто, кај дизелот за 1,847 проценти, кај екстра лесното масло за 1,231 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 0,571 проценти - се потенцира во соопштението од регулаторите. Од РКЕ додаваат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,072 отсто.
Од 23.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 78,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 80,50 (денари/литар)
Дизел гориво EУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС - 39,433 (денари/килограм)