Кога одите во ресторан постојат многу работи што се случуваат позади шанкот, а кои еден муштерија не може да ги забележи. Дел од вработените од угостителските објекти открија некои од најголемите тајни "зад сцената".
Лимоните најчесто не се чисти
Лимоните ретко се мијат правилно пред да бидат исечени и послужени. Во повеќето места, муштериите имаат среќа доколку нивниот лимон помине низ млаз вода. Освен што ретко се мијат, лимоните најчесто ги допираат многумина. Се што прават вработените е вадење на налепницата, сечење и сервирање на лимонот во чинијата или додавање во вашата пијачка.
Домашното не секогаш значи домашно
Кога станува збор за различните преливи за салата што се наоѓаат на менито, постојат ресторани кои ги купуваат овие преливи во тегли, додаваат само неколку состојки во чинијата, како сирење или зеленчук, и притоа тоа го послужуваат како свеж домашен сос.
Внимавајте со изборот на вино
Ова особено важи за наливните вина. Доколку немате одредени познавања на оваа тема и не нарачате вино во стаклена флаша, големи се шансите да добиете ефтин алкохолен пијалок со лош квалитет.
Вработените не можат целосно да бидат искрени за јадењата кои ги служат
Персоналот во угостителските објекти не може да им кажува на своите муштерии доколку нив лично некое јадење не им се допаѓа или дека не би го препорачале. Големи се шансите речениците од типот "Ова е едно од нашите најпопуларни јадење" да се неточни.
Понекогаш салатите не се свежо приготвени
За да се заштеди на време, салатите знаат да се приготват на почетокот на работното време и да седат заедно со останатите намирници во фрижидерот. Кога во текот на денот ќе пристигне нарачка, келнерот само ќе ја земе приготвената салата, ќе стави прелив и ќе ви ја сервира.
Внимавајте како ја послужуваат водата
Ова е многу важен момент за сите оние кои ќе побараат вода во чаша. Кога келнерот ќе дојде да ја надополни вашата, внимавајте на начинот на кој го прави тоа. Доколку тој ви ја допира чашата со врвот од бокалот, веројатно е дека со истиот бокал и на истиот начин тоа го прави со останатите муштерии. Ваквиот начин значи и голем број на бактерии.
Избегнувајте го ледот
Иако ладните пијалоци имаат подобар вкус, сепак се препорачува да го избегнувате ледот. Келнерите најчесто го земаат со рака пред да ви го стават во чашата, а ледот како таков е одлична површина за бактерии. Доколку мразот доаѓа од ледомат исто така претставува одреден ризик, бидејќи тие машини многу ретко се чистат. Затоа, од сега па натаму размислете два пати пред да порачате Кока-Кола со лед.