Туристичката сезона долж хрватскиот брег на Јадранско море почнува да се вжештува. Голем број странци веќе пристигнаа на одмор. И со тоа, како што обично се случува, започнаа интересни настани од Јадранот.
Информативната агенција „Гет Директ“, вчера, на својот Фејсбук објави дека турист шета низ центарот на Сплит во необичен костим за капење, кој стана популарен во филмот „Борат“.
Но, таму повеќе не може да се однесува кој како сака. Локалните медиуми веднаш потоа пренесоа информација дека туристот бил парично казнет заради недолично однесување.
Неодамна Советот на градот Сплит донесе Одлука за јавен ред и мир и со неа воведе нови строги мерки за летната сезона.
Конзумирање алкохол на јавни површини, вршење нужда на јавни површини, спиење во паркови, тревници, на плоштади и други јавни површини; консумирање храна или пијалок на јавни површини, престој во угостителски објекти по завршување на работното време ќе се казнува со по 300 евра.
Построгите казни беа поттикнати од дивеењето на туристите кои уринираат по споменици, повраќаат по улиците и на различни начини го нарушуваат животот на локалното население, но и летниот одмор на мнозинството пристојни гости, што беше особено изразено минатото лето, кога неколку жители на потесниот дел на градот често се соочувале со примитивно дивјаштво.
Извор: aktuelno.mk