Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемија во просек за 1,98 отсто.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,5 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 75 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-E-V) се продава за 67 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 55,5 денари за литар.
РКЕ пред точно две недели одлучи да ја зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС за 1,399 денари и истата да изнесува 35,75 денари за килограм.
Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочија за 4,17 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светските пазари и за 0,53 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.
Денеска се очекува РКЕ да излезе со нова одлука за цената на горивата која ќе важи од вечерва на полноќ па во следните две недели.