Годишната конференција на Стопанската комора ги исфрли на виделина критичните точки на бизнисот за кои одамна нема решение. Клучниот проблем во бизнисот се платите, но и работната сила.
За да ги задржат работниците и да можат да даваат повисоки плати, работодавците бараат намалување и либерализацијата на меѓународниот пазар на труд.
Годишно на бизнисот му недостигаат околу 10.000 работници, од кои најмногу во туризмот и градежништвото. До крајот на март годинава над 3.000 странски граѓани добиле дозвола да работа во Македонија, а меѓу нив има и работници од Непал и Пакистан, објави „Алфа“.
Извор: skopjeinfo.mk