Вработените во Нелт СТ на 10 и 11.06 присуствуваа на Team building за паметење организиран по повод значајниот јубилеј, 25 години од основање на компанијата во Македонија
„За четврт век постоење се имаат променето многу работи, а особено ме радува фактот што сме секогаш чекор пред сите и се стремиме кон тоа да го задржиме стекнатиот епитет Компанија број ЕДЕН. Достигнавме сериозна бројка на вработени, склучивме договори и соработуваме со одлични принципали дистрибуирајќи врвни брендови и континуирано го зголемуваме бројот на купувачи и клиенти во логистика. Користиме напредни системи за работа, воведуваме нови програми, спроведуваме обуки и тренинзи, а најважно од сè, се грижиме вработените секогаш да бидат задоволни нудејќи им различни поволности.“ – изјави извршниот директор Сашко Блажевски.
Официјалниот дел од Team building- от започна со благодарност до основачите на Нелт, Ранко Сочанац и Небојша Шапоњиќ кои им овозможија на сите вработени во Македонија да станат дел од семејството Нелт и заеднички да ги прославуваат успесите. Покрај Ранко, на прославата присуствуваа и директорите од останатите компании каде што Нелт Група има свои претставништва.
Сашко се обрати до присутните укажувајќи дека за успехот е заслужен секој еден Нелтовец, кој без разлика на работниот стаж во компанијата, секојдневно ги живее компаниските вредности и придонесува за остварување на целта.
Преку кратко видео присутните се вратија низ еден времеплов од почетоците на Нелт, до денес и ги слушнаа изјавите на колегите кои се вработени уште од основањето. За нив следуваа и благодарници за исклучителниот придонес во успешното работење на компанијата и долгогодишната лојалност.
Прославата продолжи на плажата во хотел Изрев каде присутните уживаа во вкусна храна и одлична музика за која се погрижија Boka Conga и Bobi Sax.
Импресиите сè уште се споделуваат, а од фотографиите може да ја погледнете прекрасната атмосфера.
Нелт, нека ви се множат јубилеите и успесите!
Сакаш да станеш дел од тимот на НЕЛТ? Следи ја компанијата!