Цените на тоалетната хартија, путерот и кечапот се повисоки во Велика Британија во споредба со некои од нивните најблиски соседи во Европската унија, покажува истражувањето спроведено од британскиот јавен сервис Би-би-си.
Од друга страна, пелените и замрзнатата пица се најевтини во оваа земја. Новинарите на Би-Би-Си ги споредија цените на 23 производи, и за јадење и за секојдневна употреба, во Франција, Германија, Обединетото Кралство, Италија, Шпанија и Холандија.
Што покажа „истрагата“? Германија се покажа како најевтина земја, а Франција има највисоки цени.
Потрошувачите во Велика Британија платиле 3,80 фунти (околу 4,45 евра) за тоалетна хартија, додека истото пакување чини 2,66 фунти (околу 3,10 евра) во Италија, а 2,87 (околу 3,35 евра) во Германија.
Лименка туна чини 1,62 фунти (околу 1,89 евра), додека во Италија цената се искачува до 3,15 фунти (околу 3,70 евра), а во Шпанија е нешто пониска - 2,51 фунти (околу 3 евра).
Истражувањето покажало и дека производите како лебот, јајцата и маслото се изненадувачки поевтини во Велика Британија во споредба со земјите од Европската унија.
Сепак, Британците се справуваат со висока инфлација, која го стега обрачот околу нивната потрошувачка кошница. Поточно, вкупната цена на храната и натаму останува 19 пати повисока од пред една година.
Една неодамнешна студија на Oxford Economics покажа дека трошоците за храна во Велика Британија се околу 7 отсто под просекот на ЕУ.
Експертите велат дека е многу тешко да се споредат цените на храната во различни земји бидејќи тие зависат од голем број фактори, како што се увозот и политиката.
На пример, оризот е најевтин во Велика Британија и Шпанија, односно чини 1,26 фунти (околу 1,50 евра), додека најскап е во Италија, односно чини 2,21 фунти (околу 2,60 евра).
Јогуртот е најевтин во Германија и чини 72 пени (околу 80 центи), додека во Франција чини речиси 2 фунти (околу 2,35 евра).
Повторно, шеќерот е најевтин во Германија со цена од 1,02 фунти (околу 1,20 евра).
Анализата на цените на сите намирници можете да ја погледнете на овој линк.
Деталните истражувања покажуваат дека пазарот на храна во Велика Британија е на трето место кога станува збор за достапност, односно е сличен на цените на италијанскиот, шпанскиот и холандскиот пазар.