Голем астероид ита кон Земјата, а во среда ќе ни се приближи на најкратко растојание, јавува 24 часа.
Астероидот „2013 VV44“ првпат е откриен пред повеќе од девет години, поради што во своето име ја има 2013. Пречник е околу 90 метри или речиси колку фудбалско игралиште, наведува НАСА.
Покрај нас ќе биде на најблиското растојание од 3,49 милиони километри, односно 10 пати подалеку од Месечината и ќе помине со брзина од 39.600 km/h.
Откако првпат го откривме во 2013 година, повторно го сретнавме во 2018 година, а ова сега е најблиската средба досега.
Неговата орбита покажува дека повторно ќе се сретнеме за околу пет години, но тогаш ќе биде на 6,89 милиони километри од Земјата.