Webhelp, глобалниот лидер и партнер за end-to-end услуги фокусирани кон B2C и B2B, продолжува да го проширува своето присуство на Балканот.
Време е да го претставиме умот кој стои зад сите активности на Webhelp во југоисточна Европа. За време на кафе-паузата со Оливер Дерлер, Извршен Директор на Webhelp Balkan, дознаваме кој е тој, што го мотивира и зошто нашиот регион е толку посебен за CX професионалците.
Кој е Оливер Дерлер во една реченица?
Тоа е тешко прашање за почеток! Сосема спонтано би кажал: го негувам пионерскиот дух и не би можел толку да уживам во шаренилото на мојата работа, доколку би работел класична работа од 9 до 17 часот. Мојата најголема пасија е да ги мотивирам луѓето да го дадат својот максимум, а притоа го користам мојот виенски акцент.
Господине Дерлер, Вие сте родени и израснати во Виена, како ве донесе патот на Балканот?
Долго време бев одговорен за Австрија, а потоа моето поле на делување се прошири на меѓународен план, вклучувајќи ги земјите како: Германија, Грција, Полска и Турција. На почетокот на мојот ангажман на Балканот, мојот фокус беше орентиран само кон Косово. Со порастот на побарувачката на ваков тип на решенија, се зголеми и нашето присуство на пазарот, а јас се најдов во средината на процесот и имав прилика да растам заедно со компанијата.
Искрен одговор: Дали ви недостасува Австрија?
Јас всушност сè уште живеам во Виена. Можеби и малку на аеродром. Поминувам многу време во патување, но тоа е е дел од мојата разновидна работа - и навистина уживам во сето тоа. Сметам дека без локалното присуство, никогаш немаше да успееме да ги споиме нашите глобални стандарди со културата на Балканот.
Што мислите дека е клучно за брзиот раст на Балканот?
Комбинацијата на локален менаџмент и интернационални ресурси е причината која ни овозможи огромен раст, но исто така не изгради во атрактивен работодавач. Физички или психолошки оддалечен стил на управување, нема да ве одведе многу далеку. Важно е да се разбере и живее културата на земјата. За среќа, јас имам и природна поврзаност.
Дали вашата природна поврзаност со Балканот е и причината зошто сте толку успешни овде?
Можеби јас сум диригент, но нашето присуство на Балканот е тимска работа. Да сум сам по дефиниција, тоа не би било можно. Голем дел од успехот се должи на фактот што едноставно сакам да бидам близок со луѓето со кои работам. Уживам во заедничкото надминување на професионалните предизвици, но и славењето на личните успеси и случувања.
Што Ве мотивира, господине Дерлер?
Имам свои комерцијални цели, но тоа не е главниот двигател на мојата мотивација. Она што навистина ме испирира е да ги поттикнам луѓето секогаш да одат чекор подалеку. Мора да им верувате на своите луѓе и да им овозможите сами да носат одлуки, за да можат да се развиваат и растат. Гледајќи ги луѓето како се надраснуваат себеси, тоа е мојата најголемата мотивација. Со секој успешен вработен и Webhelp станува посилен, се развива и станува поуспешен.
Што го прави Балканот толку посебен за Webhelp?
Морам да кажам дека Балканот и Webhelp навистина одат добро заедно. Освен економските причини, луѓето овде се исклучително ентузијастични, секогаш размислуваат позитивно и сакаат да се движат напред. Исто така, повеќејазичноста и културниот афинитет се многу вредни за концептите на услугата на Webhelp. Ова се само дел од многуте причини.
Каков совет им давате на луѓето кои штотуку почнуваат во Webhelp?
Webhelp ги пружа сите алатки кои се потребни за личен и професионален развој. Нема многу компании во нашата индустрија, кои имаат способност и волја да го спроведат тоа. Едноставно мора да го сакате тоа, да ги следите вашите интереси и да знаете јасно да комуницирате. Така добивате навистина кул работа која ве предизвикува, ве промовира и ви носи среќа.