Начинот на којшто ги третираме нашите вработени може да има долгорочни последици за нашиот имиџ во јавноста.
Односот помеѓу работодавачот и работникот се смета за важен аспект и за потрошувачите.
Имено, третманот што работодавачите им го пружаат на своите вработени може значително да го подигне, но и да го срози статусот на одреден бренд.
Тоа го потврдуваат бројни истражувања, односно статистички податоци, а според Forbes и Linkedin ова се 7 клучни причини зошто е неопходно да се води сметка за Employer Branding.
1. Дури половина од трошоците за вработување и обука се намалуваат доколку компанијата има одлична репутација
2. 55% од барателите на работа се откажуваат од аплицирање откако ќе наидат на негативни рецензии за тој работодавач
3. Компаниите со лоша репутација имаат во просек 10% поголема плата како би го поправиле лошиот Employer Branding.
4. Високи 92% од вработените повеќе би сакале да работат во компанија со подобра репутација и да ја напуштат сегашната работа
5. Трите најчести платформи за ширење на зборот за добар имиџ на работодавачот се веб-страниците (69%), професионалните мрежи и портали (61%) и социјалните мрежи (47%)
6. 59% од водечките регрутери работат на сè позначајната инвестиција во Employer Branding-от и ја гледаат како темел на општата стратегија за човечки ресурси на компанијата.
7. Откако слушнале за лошиот третман на вработените, дури 64% од потрошувачите престанале да купуваат услуги или производи од таа компанија
Овие податоци може да ви послужат за да ја освестите важноста на Employer Branding-от и да започнете активности кои ќе ви помогнат да ги избегнете споменатите ситуации.