Кои се најчестите дестинации за ова лето?
Грција
Грција и понатаму останува прва опција за нашите граѓани. Иако цените се значително поскапени и кај нашиот јужен сосед, сепак оваа земја останува како најдобра опција поради близината, добрите плажи и храната.
Албанија
Голем дел од граѓаните на нашата држава ја избираат Албанија, како блиска, но и поевтина дестинација. Изборот најчесто паѓа на Драч, Ксамил, Валона, а во последно време прилично популарно е и Химаре.
Турција
Аранжманите кои се нудат за Турција се на база на „all inclusive“. Во агенциските понуди можат да се најдат многу различни опции кои одговараат на секој вкус.
Египет
Поради достапните цени, во последно време, Египет станува одлична опција за многу туристи. Како и во Турција и тука во најголем дел опциите се на база на „all inclusive“. Во
Црна Гора
Цените во Црногорското приморје за значително поскапи, па така може да се забележи разлика од околу 30% во текот на месеците јули и август. Тука, цените варираат и се разнолики, како од хотелите до апартманското сместување, така и во рестораните. Бечичи е едно од поевтините места, додека пак Будва и Тиват спаѓаат меѓу најскапите.
Хрватска
Хрватска е веројатно најскапиот избор од сите дестинации на нашата листа. Ова е и малку подалечна дестинација за оние кои сакаат да патуваат во автомобил, но Хрватска нуди многу прекрасни места кои овозможуваат вистински одмор и уживање за секој член на семејството.