![Бугарите на врвот на листата нации со најнездрави навики](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/23/1b1ee432-resize-820x0x100.jpg)
Иако некои лоши навики нема веднаш да имаат лошо влијание врз нашето здравје, други би можеле да бидат навистина штетни.
Medical Aid ги анализираше стапките на нездрави навики ширум светот и дојде до 10-те земји со најнездрав начин на живот.
Списокот на 10 земји со најнездрави навики ги опфаќа:
Бугарија
Латвија
Аргентина
Соединетите Американски Држави
Латвија
Хрватска
Унгарија
Естонија
Германија
Република Јужна Африка.
Гледајќи ги факторите како консумирање алкохол, пушење тутун, нивоа на прекумерна дебелина и сексуално преносливи болести (СПБ), тие открија дека Бугарија е на врвот на листата.
Оваа балканска земја има најголема стапка на пушачи, поточно дури 35,5 отсто од населението консумира тутунски производи.
Втора земја на листата е Латвија, која бележи најголема годишна потрошувачка на алкохол од 12,9 литри по глава на жител, како и четврта највисока стапка на пушење.
Латвија се најде на деветтото место по распространетоста на сексуално преносливите болести, што покажува дека незаштитениот секс е поголем проблем во земјата отколку на друго место во светот, објаснува Medical Aid.
Земји со најмалку нездрави навики се Индија, Исланд и Шведска.
Medical Aid ги направи овие наоди користејќи збирки податоци од различни извори, вклучително и Светската здравствена организација и CIA Factbook.
Извор: kajgana.com