Еден од трите предлози за почеток на школската година е 11. септември и да заврши во средината на јуни. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска најави дека за десет дена МОН ќе излезе со став дали ќе има поместување на почетокот на учебната година од стандардниот термин 1 септември.
Тој рече дека во текот на следната недела пред Комисијата за човечки ресурси ќе ги претстави трите предлози за почеток и завршување на учебната година.
-Ќе бидат вклучени униите на средношколците, но исто така и синдикатите за мислењата да ги слушнат членовите на Комисијата. Мислам дека во рок од десет дена ќе имаме конечен став кој од предлозите ќе биде прифатен, изјави Шаќири одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Форумот за реорганизација на училишната мрежа, изјави Шаќири.
Првиот предлог до МОН е учебната година да почне како и досега - на 1 септември, вториот е да почне на 11 септември, без пролетен распуст, и да трае до средината на јуни, третиот предлог е да почне на 1 септември, да има пролетен распуст од пет дена и учебната година да заврши во средината на јуни.