Сликата на камиони што фрлаат сол на патиштата ја поврзуваме со зимата, но ова не е единственото време од годината кога се користи индустриска сол на патиштата.
Солта на патиштата за време на снежни врнежи и мраз нѐ спасува од лизгање и губење контрола над возилото, додека во текот на жешките летни месеци има сосема друга функција.
Имено, во лето може да се користи за спречување на топење на асфалтот со апсорпција на влага од околниот воздух и ладење на асфалтот.
Исто така, се отстранува вишокот на влага од самиот асфалт, што го прави помалку леплив и спречува негова деформација и оштетување.
Друга опција е истурање на слој прав од тврд камен врз асфалтот, со што се стабилизира мекиот битумен и површината на патот.
Различни земји прифаќаат различни методи. Така, на пример, во континентална Европа (Холандија) користат сол за време на летните жештини, додека Британците преферираат да истураат слој од фино иситнети камени честички на патиштата.
Овој втор метод е попопуларен кај сопствениците на постари автомобили, бидејќи каросеријата на овие возила не е толку добро заштитена од корозија како кај новите.