„Го објавувам основањето на xAI за да можеме да ја разбереме реалноста“
Илон Маск лансираше долго најавуван стартап за вештачка интелигенција, откривајќи тим од инженери со кои сака да создаде алтернатива на апликацијата ChatGPT.
Стартапот ќе биде предводен од Маск, извршен директор на Tesla и сопственик на Twitter, кој претходно неколку пати изјави дека развојот на вештачката интелигенција треба да се паузира и регулира, пишува SEEbiz.
„Го објавувам основањето на xAI за да можеме да ја разбереме реалноста“, објави Маск на Твитер.
Во стартап тимот се Игор Бабушкин, поранешен инженер на DeepMind, Тони Ву, кој работел за Google, Кристијан Сегеди, истражувач на Google и Грег Јанг, кој работел за Microsoft.
Маск е единствен директор, а Џеред Бирчал, управниот директор на неговата семејна канцеларија, е секретар.
Милијардерот во април изјави дека ќе воспостави TruthGPT, вештачка интелигенција која ќе се стреми кон вистината колку што е можно повеќе за да не се натпреварува со Бард на Гугл и Бинг на Мајкрософт.
Генеративната вештачка интелигенција дојде во центарот на вниманието откако OpenAI го лансираше популарниот чет-бот ChatGPT во ноември минатата година, пред Бард и Бинг.
Новата компанија на Маск е одвоена од компанијата X, но тесно ќе соработува со платформата Твитер, Тесла и други компании.