Стивен Едвин Кинг е роден на 21 септември 1947 година и важи за еден од најпознатите автори на сите времиња. Добитник е на голем број награди, а неговите дела успеале да му до дадат епитетот "Крал на Хоророт". Иако сега има живот каков што многумина би посакале, не секогаш Кинг го следела среќата. Патот до славата воопшто не бил лесен, и истиот бил полн со предизвици и секојдневни разочарувања.
Неговиот татко заминал да купи кутија цигари и никогаш не се вратил. Неговата мајка работела напорна работа само за да може да го израсне во добри финансиски услови. Стивен како дете пишувал приказни базирани врз основа на филмовите што ги гледал, и потоа ги продавал на своите другари. Како мал посведочел на загинувањето на еден од неговите другари при удар со воз. Инцидентот толку многу го истрауматиризал што до ден денешен Кинг нема сеќавање од овој немил настан.
Неговата прва објавена приказна била со наслов "I was a teenage grave robber". Кога Стивен дипломирал на 23 години, тој живеел во приколка заедно со неговата жена Табита и трите деца. Бидејќи не можел да најде работа како наставник, Стивен работел како чистач, а своето слободно време го користел за пишување. Пишувал на импровизирано биро кое се наоѓало помеѓу машината за сушење и машината за перење.
За да заштедат пари, Стивен и Табита се ослободиле од својот телефон и го користеле телефонот на комшиите. После некое време, Кинг конечно добил работа како наставник, но истата не била добро платена, и тој се уште морал да работи паралено и на други позиции. За да биде ситуацијата уште полоша, му била напишана казна во висина од 250 долари за возење преку сообраќањен конус, пари кои Стивен не можел да си дозволи да ги плати.
Навечер кога ќе се врател дома продолжувал да пишува притоа користејќи ја машината за пишувања на жена му, бидејќи не можел да си дозволи да купи своја. Во 1971 година, Стивен бил толку многу незадоволен од првите три страници од неговата приказна што ги фрлил во ѓубре. Кога вечерта дошол дома, страниците биле на неговата маса. Табита ги забележала во ѓубрето, и откога ги прочитала била убедена дека Стивен треба да се обиде повторно. Инспириран од својата жена, Кинг набрзо успеал да напише хорор книга за млада девојка со натприродни моќи и бил одбиен дури 30 пати од издавачите. Во момент на очај, кога еден издавач му понудил 2500 долари за книгата, Стивен прифатил. Во 1971 година, книгата "Кери" достинала голем успех и тој заработил 400 000 долари, овозможувајќи му целосно да се посвети на пишувањето.
Стивен Кинг денес има напишано преку 70 книги и 200 кратки приказни. Многу од неговите дела имаат прераснато во филмови, а бројката од 350 милиони продадени книги го прават најдобро продаваниот автор на сите времиња.
Приказната на Стивен Кинг е доказ за тоа дека посветеноста на сопствената пасија на крај резултира со успех. Аматерите седат и чекаат инспирација, останатите стануваме и одиме на работа, вели Кинг.