Доделени сертификатите за успешно завршена настава и склучени договори за вработување
Околу триесетина ученици успешно ја реализираа практичната настава во рамките на дуалното стручно образование според германски стандарди во DRӒXLMAIER и се стекнаа со сертификат за Техничар за индустриска мехатроника. Дел од нив ќе се приклучат на големото DRӒXLMAIER семејство, а еден дел ќе го продолжат своето образование на некој од техничките факултети.
DRӒXLMAIER со поддршка за младите луѓе
DRÄXLMAIER како семејна компанија дава исклучителен придонес во образованието на младите луѓе и им овозможува идни перспективи преку високи, униформни стандарди за обука. „Како компанија која е ориентирана кон иднината и иновациите сакаме да ги поттикнеме младите луѓе да учат, но и да истражуваат. За време на практичната настава учениците имаат слобода да го развиваат својот карактер во креативна средина. На практикантите им честитаме и им посакуваме многу професионални успеси во иднина.
Најдобрите од нив добиваат договори за вработување во нашата компанија, така што тие ќе бидат директно вклучени во работниот процес и ќе имаат можност да ги усовршуваат и да ги прошируваат стекнатите знаења“, рече Лукас Мирингер, Генерален менаџер на DRӒXLMAIER Македонија на заедничкиот собир за доделување на сертификатите кој го организираше компанијата, а на кој присуствуваа и дел од родителите на практикантите. „Нѐ радува фактот што интерес за дуалното стручно образование според германски стандарди во техничките области, покрај момчињата, покажуваат и голем број девојчиња“, додава Мирингер.
Оваа година практикантите полагаа и завршен испит според германски стандарди за проверка на стекнатото знаење.
Среќни ученици, горди родители
Учениците среќни и задоволни со цврсти чекори продолжуваат да се движат кон својата професионална иднина. „Благодарение на DRӒXLMAIER добив соодветно стручно образование во делот на техничките области. Покрај теоретската настава, тука учениците постојано се активни преку изработка на најразлични проекти, а во завршните години се запознавме со производствениот процес под водство на ментори. Сега сме подготвени да конкурираме на пазарот на трудот во соодветната индустрија“, вели Димитар Митревски.
Родителите, пак, се особено горди на своите деца заради постигнатите резултати. „DRӒXLMAIER повеќе од 10 години е присутен во нашиот град. Тоа многу зборува за стабилноста на компанијата. Среќна сум што на мојот син му беше понуден договор за вработување и тој стана дел од компанија со сигурна и перспективна иднина“, рече Елица Ристова, мајка на еден од практикантите, која исто така е вработена во DRӒXLMAIER.
DRӒXLMAIER е лидер во земјава во спроведувањето на моделот на дуално образование според германски стандарди преку кој секоја година компанијата создава подготвени кадри кои се барани на пазарот на трудот и со чија поддршка ќе ја обликува мобилноста на иднината.
Станете дел од тимот на DRӒXLMAIER - Сите огласи за Кавадарци и Куманово се на ЛИНКОТ