Измените на Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор влегоа во собраниска процедура откако група пратеници поднесоа предлог до Собранието на РМ.
Што вклучуваат законските измени?
Предложените измени на Законот за административни службеници ќе овозможат сите административни службеници кои повеќе од две години имале исто звање, кои ги исполнуваат законските услови, а кои го менувале работното место, да можат да аплицираат на интерните огласи за унапредување.
Измените на Законот за вработените во јавниот сектор ќе обезбедат зајакнување на институциите поврзани со пристапување на Република Македонија во ЕУ, ќе го поврзе начинот на планирање на буџетот со планирањата на вработувањата и ќе овозможи рационално искористување на човечките ресурси во институциите од јавниот сектор.
Прочитајте повеќе на Академик.мк