Ако сакате да се туширате на плажа во Црна Гора, за услугата ќе морате да платите.
Лежалките на црногорските плажи се бесплатни за користење по 17 часот, но тушевите не се бесплатни. Како што пишува „Телеграф“, доколку сакате да ја отстраните солта од телото откако ќе излезете од вода, ќе мора да платите за тоа – половина евро. И во Хрватска за истото се наплаќа.