Во германските ресторани и хотели моментално недостигаат повеќе од 65.000 работници, објави Здружението за угостителство „Дехога“. Недостигот од вработени, според месечните анкети, е постојан проблем на индустријата, велат од здружението за агенцијата ДПА.
–Федералната агенција за труд објави 33.160 отварања на работни места во угостителството за јуни. Сепак, претпоставуваме дека реалната побарувачка е најмалку двојно поголема, бидејќи многу компании веќе не пријавуваат слободни работни места – вели експертот за пазарот на труд од „Дехога“ Сандра Варден.
Таа ги посочи бројките од јуни 2019 година, кога биле пријавени речиси 40.000 слободни работни места.
-Како што знаеме, оттогаш проблемот се влоши. Особено сега во сезоната на одмори и зголемен интерес за туристичките дестинации, потребата продолжува да расте – истакна Варден.
Во меѓувреме, гастрономскиот бизнис се справи со ситуацијата најдобро што можеше.
-Има установи кои поради недостиг од работници се принудени да го скратат работното време, да затвораат во одредени денови или да ја ограничат понудата на менито. Некои ресторани почнаа да воведуваат повеќе самопослужување – додаде таа.
„Дехога“ се надева дека брзо ќе се почувствуваат ефектите од законот врз квалификуваната работна сила од странство и дека бегалците полесно ќе можат да најдат работа..
Исто така, здружението повика на кампања за обука за повеќе вештини и за поголема евалуација на практичните занимања и вештини.