И денеска многу топло со температура и до 42 степени – попладне можен е силен ветер, дожд и грмежи
Утре, пак, ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени.
Сончево и многу топло нè очекува и денеска. Дневната температура во различни делови од државата ќе се движи од 27 до 42 степени, додека во Скопје се очекува да достигне до 36 Целзиусови степени.
На повеќе места се очекува да дува и ветер кој ќе достигне над 60 километри на час, а кон крајот на денот можно е и невреме. Според прогнозите, поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, повремено силен северен ветер и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.
Утре, пак, ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени, ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд. Потоа, времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.