Заостанатите сметки ќе можат да се платат без камата
Јавните претпријатија "Водовод и канализација" и "Комунална хигиена" ги известуваат корисниците кои имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.
Долгот без пресметана камата ќе може да се плаќа во определен период, односно од 15 октомври до 3 ноември. Физичките и правните лица ќе може да го исплаќаат долгот со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, соопшти ЈП Водовод и канализација.
Ова е само дел од идните мерки и проекти кои се планирани да се спроведат во интерес на корисниците и граѓаните на град Скопје.