Краставицата сѐ помалку ја има и тоа со повисока цена, тенденција е да порасне и цената на дињата. За разлика од овие два производа, останатите цени на пазарот во Штип се со пониски цени споредбено со претходниот петок. Продавачите велат дека пазарот денеска е задоволителен, има раздвиженост и побарувачка, иако не е како што очекувале да биде предпразнично.
„Денеска и така и така, синоќа имаше пазар. Солидно спрема периодот добро е, цените се малку паднати за разлика од претходно. Засега цените се реални – ако се намалат, нема да бидат реални“ – велат продавачите.
За граѓаните цените се прифатливи за овој период од годината. Согласно со примањата се високи, ама споредбено со сѐ останато не се скапи.
„Добро не е многу скапо сперема другите работи.“ – велат купувачите.
Денеска најмногу се бараше пиперот, краставицата, доматот по пониска цена како и сезонското овошје, бостан и диња.