Новиот штрајк на белгиските пилоти на еден од најголемите европски аеродроми ја принуди ирската компанија Рајанер денеска да откаже 88 летови.
Со штрајкот, трет во текот на летната сезона, се погодени 15.000 патници кои планирале да летаат денеска или утре за националниот празник Богородица, објави управата на аеродромот Шарло, кој е еден од најпрометните аеродроми во Европа.
Пилотите на Ryanair со седиште во Белгија веќе стапија во штрајк за време на викендот на 15 јуни (откажани 120 летови) и викендот на 29 јули (96 откажани летови). Тие го обвинија Ryanair дека не го спроведува договорот потпишан за време на пандемијата на Ковид-19 за да им даде дополнителни слободни денови во замена за прифаќање на намалување на платите.
Синдикатот на пилотите ја обвинува компанијата дека не го почитува белгискиот закон и дека успешно работи благодарение на „социјалниот дампинг“ што создава нелојална конкуренција во споредба со другите компании.
- Персоналот е револтиран. Нашиот работодавач отворено вели дека нема да ги почитува законите и ни вели: „Повлечете ги сите тужби, во спротивно ќе ви го продолжам работното време и нема да ги приспособам платите на инфлацијата“ - изјави претставничката на синдикатот на вработените Дидије Лебе.
Рајанер претходно ги повика пилотите да преговараат наместо да штрајкуваат и истакна дека постигнале договори за работните услови со италијанскиот, францускиот и шпанскиот персонал.
Околу половина од летовите на Ryanair од аеродромот Шарло се управувани од небелгиски екипажи, а компанијата соопшти дека тие летови се одвивале според планот.