Со цена од 94,5 денари за бензин од 95 октани, Црна Гора има водечка позиција во регионот, но Србија води со цената на дизелот, која изнесува 99,5 денари за литар, пишуваат српските медиуми.
Во тој домен, зад Србија се Црна Гора, Хрватска и Македонија, пресметано според просечниот девизен курс на НБС.
Цената на бензините во Србија, по последните промени, изнесува 93 денари за литар, што претставува зголемување за четири динари во однос на претходната недела.
Следејќи го трендот на раст на цените, горивата во регионот продолжува да поскапува, а со најновата Регулатива на Владата на Хрватска за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати, која ќе стапи на сила одденес, неопходно е да се издвојат 89,5 денари (1,54 евра) за литар бензин, до дизел 88 денари (1,51 евро), објави Пословни дневник.
Цената за литар бензин од 95 октани во Црна Гора е 94,5 денари (1,62 евра), според најновата уредба на надлежното министерство, додека за дизелот потребно е да се издвојат 90 денари (1,54 евра) за литар, пишува Вијести онлајн. .
Горивото значително е поевтино во Македонија, а литар бензин чини 86,5 денари, а цената на дизелот е 81 денар.
Во Албанија цената на дизелот за литар е 88 денари (1,51 евро), што е идентична со цената во Хрватска, додека бензинот од 95 октани чини 90 денари (1,54 евра), објавија претходно порталите.
Извор: faktor.mk