Купувањето на клими продолжи и ова лето поради високите температури, за разлика од лани кога илјадници семејства се префрлија од пелети на инвертери поради скапите цени на пелетите кои достигнуваа и над 600 денари од вреќа, анализира Biznispro.com.
Оваа година многумина граѓани имаат избор да се греат и на пелети со оглед дека цената падна на 220 – 230 денари за вреќа од 15 килограми, што сепак е повисока цена од онаа од пред неколку години кога вреќа пелети чинеше 150-160 денари.
Засега е непознато дали можеме да очекуваме и дополнително намалување на цените на пелетите и стабилизација на цените, бидејќи и натаму се прескап избор за греење на граѓаните.
Владата одлучи: Нема покачување на ДДВ-то за пелетите
Стапката на ДДВ за пелети за домаќинства да остане на 5 отсто и да не се зголемува одлучија властите.
Намалувањето на данокот за пелети и електрична енергија дојде минатата година поради енергетската криза со која се соочи светот поради војната во Украина.