Вработените денеска ги добија платите на своите сметки, утре нема да има протести на вработените на Јавното сообраќајно претпријатие, изјави за МИА, Миќо Стојановски, претседател на еден од трите репрезентативни синдикати на ЈСП Скопје.
Тие денеска пред влезот на просториите на Град Скопје бараа прием од страна на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за решавање проблемот со задоцнетите плати, но и покрај тоа што не успеале да добијат средба од неа, платите денеска биле пуштени на сметките на вработените.
Стојановски го повтори барањето и од претходната изјава да не мораат со молби и со барања да добијат плата на време и да се наоѓа конкретно решение за да нема вакви проблеми во иднина.