Веројатно сте ја слушнале приказнатa, изџвакана повеќе и од самиот бурек, дека вистинскиот бурек се прави само со месо, а сите останати варијанти се пити. Бурекот е составен дел од гастрономската култура на Балканот. Иако традиционално се јаде како закуска, најчесто со јогурт или кисело млеко и скоро секогаш се наоѓа некој кој ја брани тезата дека бурек е само оној со месо.
Делумно, поборниците на таквата теза се во право. Имено, бурек е навистина име за храна направена од влечено тесто, полнето со месо – мелено или сецкано. Другите јадења, кои се направени според истиот принцип и имаат различно полнење, се нарекуваат пити, кои обично доаѓаат со апозиција во зависност од видот на полнењето: урда, зелка, тиква, компири.
Како бурекот ја освои Европа
Бурекот потекнува од Турција, дури и постар е од Турција, се верува дека тоа јадење го правеле старите турци ушто во нивната татковина во Централна Азија. Етимолошки, поврзан е со турскиот корен Бур – што значи превиткување. Затоа во Турција сè уште постои најголем избор на бурек кој се разликува во полнењето и облиците: од мали ролни нареченs sigara buregi (цигара – бурек), полумесечен cig boreg (суров бурек) пржен во масло, па се до вообичаениот su boregi (воден бурек), кој е најмногу сличен на оној кој се први на Балканот – во форма на голем круг сечен на четвртини.
Турците со своите освојувања го донеле бурекот на Блискиот исток и на Балканот, па така бурекот започнале да го прават и арапските бедуини, а го презеле и сефардските Евреи, кои во голем број се населиле во Отоманската империја, откако биле протерани од христијаните од Шпанија.
Покрај западните земји, бурекот стигнал и до земјите од Магреб (каде е познат како брик) исто така и во северна Италија, каде го донеле сефардските Евреи (во Италија се нарекува burriche и исклучиво e полнет со слатко полнење, како џем од мандарини). Благодарение на Татарите, бурекот освои голем дел од поранешниот СССР на исток, достигнувајќи и до северноевропските кујни како литванската и полската. Во оваа огромна област, бурекот може да се сретне во сите варијанти на полнење – од вообичаеното месо, сирење, спанаќ, па сè до необичните, како кисела зелка, леблебија, туна, а има и празен бурек.
На територијата на поранешна Југославија бурекот пристигнал кон крајот на 15 век, кога во Ниш, Р.Србија бил создаден рецепт за кружен бурек. Така, на Ниш му е доделена титулата предок на балканскиот бурек. Каде во 2011 испечен е најмалиот, но и најголемиот бурек на светот.
Најмалиот бурек е испечен во капаче од пиво, додека најголемиот е со површина од осум метри квадратни и тежок 200 килограми.