![Топка сладолед во Охрид и чини до 120 денари](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/b2/a0a50f2b-resize-820x0x100.jpg)
Во екот на летото цените на хотелско-угостителските услуги во Охрид, на некои места се превисоки за и така плиткиот џеб на македонските граѓани. Охрид е туристичка стапица посебно за домашните гости кои доаѓаат на одмор во нашата туристичка мека, објави Алфа.
Но, не само домашните гости, туку и охриѓани, укажуваат дека месното население во сред лето плаќа превисоки цени.
„Можам да речам дека од лани кога бев овде во Македонија, во Охрид е поскапо доста. Битола се разбира е поевтино“, вели граѓанка.
Во Македонија најголем број туристи доаѓаат од соседството, Турција, Холаѓани, Полјаци.
Извор Faktor.mk