Основачот на Apple и големиот визионер Стив Џобс не напушти пред речиси 12 години, но неговите идеи и деловни принципи сè уште се живи. Во „морето“ на она што го остави зад себе, понекогаш може да се најде нешто толку едноставно, а сепак впечатливо како неговата изјава за тоа што е основата на успехот.
„Убеден сум дека околу половина од она што ги одвојува успешните претприемачи од неуспешните е чиста упорност. Толку е тешко. Вие вложувате толку многу од вашиот живот во една работа. Има моменти кои се толку тешки… што повеќето луѓе се откажуваат Не ги обвинувам. Навистина е тешко“, рече Џобс.
Ова не се однесува само на деловниот свет, туку и на сè што правиме. Упорноста не значи дека ќе бидеме најдобри на светот, дека ќе живееме од она во што истраеме, но секако значи дека денес ќе бидеме подобри од вчера, а утре подобри од денес. Ако истраеме. Кога упорноста ќе се измеша со талентот, добиваме совршена комбинација за успех.
Не сите сме талентирани за она што не интересира, но сите можеме да бидеме истрајни. На пример, ако читаме секој ден, со текот на времето ќе ја подобриме концентрацијата, ќе знаеме подобро да се изразиме, подобро ќе го зборуваме јазикот на кој читаме и ќе создадеме „услов“ неопходен за читање, па затоа нема да ни биде чудно да читаме две книги неделно, можеби и повеќе.
Ако трчаме секој ден, со текот на времето ќе можеме да трчаме сè повеќе и повеќе. Ќе имаме физичка кондиција на ниво. Можеби на тој начин нема да стигнеме до маратонски титули, но ќе ги направиме најдобрите можни работи за нашето тело. Ако истраеме.
Такво нешто може да се примени апсолутно на се. Само ако одвоиме одредено време дневно, макар и половина час, ќе бидеме подобри во нешто. Ова е особено точно во ситуации кога не можеме да направиме ништо, било да е тоа деловно, рекреативно или како било каква обврска. Пробај!
Извор: biznisinfo.mk