![Еве колку слободни работни места има во земјава и во кои сектори: Статистика со податоци](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/64/f105c346-resize-820x0x100.jpg)
Во второто тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места е 1.62 %, односно нивниот број изнесува 8 059, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Највисока стапка на слободни работни места од 3.33 % има секторот Б - Рударство и вадење на камен, додека најмала е стапката во секторот Г - Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација во кој изнесува 0.25 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.25 %.
Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.66 %.
Најголем број слободни работни места, односно 2 688, има во петтата група занимања - Работници во услужни дејности и продажба.