Според податоците на Монстат, просечната црногорска плата без даноци и придонеси во јули изнесувала 797 евра и била за 0,3 отсто повисока отколку во јуни.
Просечната нето плата во јули е зголемена за 11,6 отсто во однос на истиот месец лани.
Просечната бруто плата во јуни била 993 евра.
„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во јули во однос на јуни бележат раст од еден процент, произлегува дека реалните плати бележат пад од 0,7 отсто“, се наведува во соопштението.
Во однос на јуни, просечните плати без даноци и придонеси во јули бележат пораст во секторите останати услужни дејности за 2,3 отсто, уметнички, забавни и рекреативни дејности за 2 отсто, преработувачка индустрија за 1,8 отсто, градежништво за 1,6 отсто, стручни, научни и технички дејности 1,3 отсто, транспорт и складирање и финансиски и осигурителни дејности по 0,9 отсто и административни и помошни услужни дејности 0,8 отсто.
Раст е забележан и во секторите сместување и услуги со храна 0,7 отсто, снабдување со вода, управување со отпадни води, контрола на процесите, отстранување отпад и слични дејности, како и трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли по 0,6 отсто и земјоделство , шумарство и риболов и здравствена и социјална заштита, по 0,3 отсто.
Извор: biznisinfo.mk