Цената на светските берзи и недостатокот на свинско месо на пазарот е причина за зголемување на цената за 40 денари. Влијание има и африканската чума во земјава и во соседна Србија, од каде што и нашите одгледувачи гледаат и се договараат околу поскапувањето на свежото свинско месо. Викендов се препорача дека нема потреба да се манипулира за зголемување на цената на свежото свинско месо, но големите одгледувачи одлуката ја донеле.
За новиот ценовен шок за македонските граѓани влијание има и појавата на африканската чума во најголемата фарма во карбинскиот регион пред десет дена. Од вчера е почнато и со еутаназија и закопување во јама на вкупно 9.000 свињи. Одгледувачите на свињи забележуваат дека со овој случај на македонскиот пазар се губи вишокот на свежо месо, кое завршуваше во преработувачката индустрија.
Сарафимов вели дека жива мера е 150 денари за килограм, а во месарниците свежото свинско месо се продава од 350 до 450 денари за килограм, во зависност од категоријата.
Извор: telma.com.mk